Тешка сообраќајна несреќа на “Бутелска” во Скопје, има повредени

news
Advertisement

На 28.10.2023 во 23.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Бутелска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(40) од Скопје и мотоцикл „кимко“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.М.(18) од Скопје, по што мотоциклот удрил во паркирано патничко возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки.

Advertisement

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот С.М. и неговиот сопатник К.С.(18) од с.Виниче, скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.