Смешно е тврдењето дека 17-катницата ја загрозува Воена болница, вели градоначалникот Јкимовски за зградата среде болнички комплекс

news
Advertisement

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски смета дека нема ништо спорно во изградбата на 17-катницата во болничкиот блок кај Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“, пишува СДК.

Advertisement

Тој вели дека е смешно тврдењето оти овој објект со две нивоа деловни објекти и 17 ката станбен дел со 419 станови ќе ја загрози болницата „8 Септември“. Оваа парцела се наоѓа во заштитено подрачје на зградата-споменик Воена болница, сегашната ГОБ „8 Септември“, која има статус на споменик на архитектонско наследство од времето на брутализмот и е заштитен објект како културно наследство. Поради тоа Конзерваторски центар не дава позитивно мислење за урбанистичкиот проект за зградата, но сепак, Јакимовски месецов го одобрил урбанистичкиот проект.

Јакимовски смета дека одлуката на Конзерваторски центар е самоволие и најавува дека ќе се обрати до други повисоки институции во државата.

„Никој не може самоволие да прави, а ова што се прави е самоволие. Смешно е тврдењето дека овој објект ќе ја загрозел поранешна Воена болница, а другите три што се уште поблиску не ја загрозуваат и имаат одобрение од Конзерваторски центар. Како може да постои болницата на Жан Митрев, Пет центарот и тоa брвнарата на Орце Камчев што наводно ќе била болница? Овој објект сега ја загрозува Воена болница што е одалечен 400 метри, а овие другиве три не“, ни изјави градоначалникот Јакимовски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.