ТИТО СИТЕН И ЗДОДЕВЕН, ЈОВАНКА ШАРМАНТНА СЕЛАНКА Објавен дневникот на Ричард Бартон за престојот во Југославија

news
Advertisement

Таа беше шармантна и имаше разорна насмевка, а нему, поради темните наочари не можев да му ги видам очите. Ме изненади колку таа е крупна, а тој малечок и нежен, и освен во стомакот, ситен. Чекорите му се кратки, а раката која ми ја пружи при поздравување, малечка“ – напишал Бартон за првата средба со Тито и Јованка.Познатата холивудска двојка Ричард Бартон и Елизабет Тејлор при крајот на јули во далечната 1971 година пристигнале во Југославија за да може Бартон да се подготви за улогата во фимот „Битката на Сутјеска“, каде тој го игра Маршалот. Своето дружење со Тито и Јованка Бартон го опишал во своите дневници, кои до крајот на овој месец ќе ги промовира издавачката куќа „Јеил Јуниврсити прес“.

Advertisement

Тито и „Мадам Броз“, како што ја нарекува Ричард Бартон Јованка во дневникот, ги угостиле славните актери во својата вила на Бриони. Пред да се запознае со Тито, на 21 јули, Бартон во својот сневник запишал:

„Поголемиот дел од денот го поминав со југословените во разговор за филмот за Тито. Изнаслушав многу фасцинантни приказни за комунизмот, за Русија, но најмногу за Тито. На негов повик одиме да го посетиме на 28, па би требало да биде многу интересно, во најмала рака“.

За патувањето до таму Бартон напишал:

„Пристигнавме со „мерцедес бенц“ до и низ Пула, каде не чекаше брод. Маса фотографи и новинари и луѓе од телевизии нè чекаа на аеродромот. Вообичаени прашања, Kакво е чувството да се глуми толку голем човек? Колку знаете за Тито? Ни дадоа вила веднаш во таа на Тито“.

Кога Бартон и Тејлор пристигнале на Бриони, напишал познатиот актер, ги дочекала „крупна жена со многу селски изглед“ и малечок маж со голем стомак“.

„Таа беше шармантна и имаше разорна насмевка, а нему, поради темните наочари не можев да му ги видам очите. Ме изненади колку таа е крупна, а тој малечок и нежен, и освен во стомакот, ситен. Чекорите му се кратки, а раката која ми ја пружи при поздравување, малечка“ – напишал Бартон за првата средба со Тито и Јованка. Сè на сè, според неговиот дневник, Тито и Мадам Броз не го импресионирале многу.

Иако историјата зборува за Тито како за човек кој имал одлични манири во средбите со луѓе од светската политика и од светот на шоу бизнисот, на Бартон му се видел здодевен. Од друга страна, Елизабет Тејлор била импресионирана од југословенскиот претседател.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.