Тој се уште не е ниту регистиран, а веќе му се спротивстави на Чави и го одби неговиот предлог

news
Advertisement

Едно од засилувањата на Барселона ова лето е Жил Кунде кој пристигна од Севиља.
Всушност, тој е единствениот потпис покрај Левандовски, Кесие, Кристенсен и Рафиња кој не е пријавен за Ла Лига, со оглед на тоа што Барселона е во тешка финансиска ситуација.
Кунде не играше во првото коло против Рајо Ваљекано, а шпанските медиуми пренесуваат дека Чави му наумил интересна улога, која ја одбил.

Чави Ернандез не се потпира на услугите на Сергино Деста во Барселона, а на мечот со Рајо Ваљекано десно играше Роналд Араухо, кој по професија е централен стопер.
Тренерот на Барселона оваа сезона би размислувал за Жил Кунде на позицијата десен бек, откако управата на каталонскиот клуб не доведе играч на позицијата десен бек.
Жил Кунде не сакаше ниту да слушне за предлогот на Чави. Тој веќе му кажал на тренерот дека единствената позиција на која сака да игра во дресот на Барселона е стоперот, пренесува АС.
Раководството на Барселона соопшти дека Жил Кунде би можел да биде на теренот во следната рунда. Дефанзивецот се обидува да се пријави за натпреварот од второто коло во кој Барселона гостува кај Реал Сосиедад.

Ова го потврди потпретседателот на Барселона, Рафаел Јусте:
„Кунде сакаше да игра против Ваљекано, но јас му ја објаснив ситуацијата и му кажав дека ќе направиме се што е можно за тој да игра следниот викенд“, изјави Јусте по мечот со Рајо.
Останува да се види дали Барселона ќе успее да најде решение за оваа ситуација и дали Кунде ќе дебитира на официјалните натпревари за „блауграна“ против Сосиедад.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.