ТРАГЕДИЈАТА ГО ЗАВИВ ВЕВЧАНИ ВО ТАГА Откажан забавниот дел од Вевчанскиот карневал

news
Advertisement

По трагичната смрт на 19-годишното момче кое загина во сообраќајна несреќа, вечерашниот концерт во Вевчани е откажан, а дефилето ќе се одржи во минимална форма, соопшти градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски.

Advertisement

Вевчанскиот карневал го откажа забавниот дел од оваа манифестација поради загинувањето на млад жител на Вевчани, соопшти денеска градоначалникот Спасе Кочовски.

– Трагедијата што се случи синоќа во Вевчани, сообраќајна несреќа, погина млад член на Вевчани, жител на Вевчани. Улиците на 13 јануари никогаш не биле во ваква состојба. Вевчани сме мало место, сите сме како една фамилија. Вакви немили настани нѐ потресуваат. Вечерашниот концерт е откажан. Вевчани овој ден го чека цела година, меѓутоа, не на ваков начин – изјави Кочовски.

Градоначалникот на Вевчани истакна дека претпладнево имале средба со вевчанските друштва и дека дефилето ќе се одржи во некоја минимална форма.

– Утрово маскирано лице не забележавме, не било никогаш вака, рече Кочовески и додаде дека рестораните ќе работат без музика.

Министерката Бисера Костадиновска Стојчевска изјави дека не го препознава Вевачни вакво и изрази жалење и сочувство до фамилијата на младото момче.

– Јас, за жал, знам како изгледа таа болка. Цела ситуација е неизвесна. Тоа што ќе го одлучат граѓаните на Вевчани, денеска да се случува, тоа и ќе се случува. Наредната година, традицијата ќе продолжи понатаму. Се надевам вакви немили настани повеќе нема да има – изјави министерката Костадиновска Стојчевска.

Деветнаесетгодишно момче со иницијали М.М. синоќа загина во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска околу 1: 20 часот на локален пат меѓу Вевчани и струшкото село Подгорци, информираат од СВР Охрид.

Според информациите од Вевчани, каде денеска треба да се одржи традиционалниот Вевчански карневал, станува збор за синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.