Аца Лукас уапсен доцна синоќа

news
Advertisement

Српскиот фолк пејач Аца Лукас синоќа е приведен на пат кон Копаоник, поради што му е одреден притвор до 12 часа, кој истекол и во меѓувреме бил пуштен на слобода, пишува српски „Курир“.

Advertisement

Имено, Лукас бил сопрен од сообраќајната полиција на бензинската пумпа на влезот во Брус и по тестот кој покажал дека е позитивен на наркотици и дека вози без возачка дозвола, бил приведен во полициска станица.

Неговиот настап на Копаоник беше откажан поради споменатата причина.

Пејачот се товари по две точки, и тоа возење без возачка дозвола и под дејство на недозволени супстанции.

Како што неофицијално дознава „Курир“ од полицијата, овој прекршок се смета за тежок сообраќаен прекршок, со казна до 120.000 динари или 60 дена затвор.

Двајца момчиња биле со пејачот во автомобилот, едниот имал 2 грама марихуана, а кај Лукас и другиот не било пронајдено ништо.

Извор. https://www.slobodenpecat.mk/aca-lukas-uapsen-docna-sinokja/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.