„Цела куќа се тресеше, ме разбуди од цврст сон“: Силен земјотрес во Америка

news
Advertisement

Силен земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Оклахома, јавува EMСЦ.

Advertisement

Земјотресот е регистриран во 5:36 часот по локално време, на 24 километри северно од Оклахома Сити, на длабочина од шест километри.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Сепак, жителите на Оклахома велат дека ги разбудил земјотресот, додека некои пријавиле дека им се тресела целата куќа.

Посилен од 4.2 што беше неколку часа порано, ме разбуди од цврст сон“, „Целата куќа се тресеше, траеше околу две секунди“, се само дел од сведочењата на луѓето на веб-страницата на ЕМСЦ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.