ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Дете почина откако било прегазено со трактор

news
Advertisement

Вчера во 15.30 часот било пријавено дека на локален пат во с.Саса, Македонска Каменица, С.Ѓ. (58) од Македонска Каменица изгубил контрола врз трактор „имт“ со приколка што го управувал и излетал во река, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).„При тоа Д.А. (52), кој се превезувал на тракторот скокнал од него и останал неповреден, но малолетно лице кое исто така се превезувало на тракторот, паднало и било прегазено од тракторот, по што починало. И возачот на тракторот се здобил со повреди констатирани во Медицинскиот центар во Штип. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Делчево“, наведено е во полицискиот билтен.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.