Advertisement
Advertisement
Сопружници на постара возраст загинаа во пожар во Крива Паланка. Телата на двете жртви се откриени по интервенција на противпожарната единица. Повикот стигнал пред 9 часот, а бил пријавен пожар на спрат во семејна куќа во градот. Интервенирале две возила и 9 пожарникари, ни одговорија од надлежната служба. По гаснењето на пожарот пронајдени се двете жртви. Се врши увид на местото на трагедијата. Првични претпоставки се дека пожарот почнал 4 до 5 часа пред да биде пријавата односно уште во текот на ноќта.
Advertisement