Трагичен крај на една невозвратена љубов: 29 годишен наставник ја уби својата 28 годишна колешка, па сам си пресуди

News

Еден ден по трагедијата што ја потресе Австрија, истражителите открија нови детали за убиството на 28-годишна наставничка во местото Тауфкирхен ан дер Прам.

Според полицијата, мотивот не била љубовна врска меѓу двајцата, како што првично се претпоставуваше, туку невозвратена љубов и љубомора.

Осомничениот, 29-годишен наставник и колега на жртвата, наводно не можел да се помири со фактот дека младата жена неодамна започнала нова врска.

Според обвинителството, тој ја нападнал во училишната библиотека, нанесувајќи ѝ повеќе убодни рани во пределот на вратот, а потоа пукал кон неа со огнено оружје кое легално го поседувал.

По злосторството, мажот избегал со автомобил. Подоцна бил пронајден мртов откако со возилото удрил во дрво, а истрагата покажала дека си нанел прострелна рана во главата.

Телото на наставничката било откриено откако нејзината мајка се загрижила бидејќи ќерката не се вратила дома. Кога го забележала нејзиниот автомобил пред училиштето, започнала потрага низ објектот, која завршила со страшното откритие во библиотеката.

Според австриските власти, нема директни сведоци на нападот, а истрагата за околностите на двојната трагедија продолжува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *