Advertisement
Advertisement
Маж загина во пожарот што вчеравечер се случил во запалена куќа на улица Љубен Весов во Велес. И покрај интервенцијата на противпожарната единица која по дојавата за пожарот во куќата излегла веднаш на лице место со две противпожарни возила и пет пожарникари спасители, не успеала да го спаси сопственикот на куќата. Како што информираат од ТППЕ Велес, по пристигнување на лице лице место, пожарот бил затекнат во развиена фаза во една просторија каде што било пронајдено и безживотното тело на сопственикот на опожарената куќа. „Во 19:40 часот бил повикана лекарска екипа од Брза помош,која констатирала смрт“, информираат за МИА од Брзата помош при Здравствен дом Велес.
Advertisement