Вчера во 20:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го уапсија 56-годишниот С.К. поради упатување закани кон својата 44-годишна сопруга и обид за физички напад врз неа.
Претходно, тој со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки, при што оштетил дел од покуќнината во домот.
Случајот е целосно документиран, а по завршувањето на истражните активности ќе следи соодветен поднесок.