ТРЕВОГА ВО ЦЕЛА УКРАИНА Русија утрово изврши силен напад врз Киев и други региони

news
Advertisement

ТРЕВОГА ВО ЦЕЛА УКРАИНА Русија утрово изврши силен напад врз Киев и други региони
Украинската противвоздушна одбрана е активна во регионите Киев и Лавов, Хмелницки, Запорожје и Дњепропетровск, а и ги одби руските ракетни напади врз Киев, според изјавата на градоначалникот Виталиј Кличко кој ги повика жителите да останат во засолништа.

Advertisement

Во цела Украина утрово е прогласена тревога поради силен руски воздушен напад. Погоден се главниот град Киев и неколку региони каде што има жртви и разурнувања, соопштија украинските власти.

Вооружените сили на Украина известија дека неколку авиони Ту-95МС полетале од аеродромот Олења во областа Мурманск во Руската Федерација.

Украинската противвоздушна одбрана е активна во регионите Киев и Лавов, Хмелницки, Запорожје и Дњепропетровск, а и ги одби руските ракетни напади врз Киев, според изјавата на градоначалникот Виталиј Кличко кој ги повика жителите да останат во засолништа.

Силите за противвоздушна одбрана ги уништиле сите непријателски цели кои се движеле кон Киев, пренесува Униан.

РАФАХ ПРЕТВОРЕН ВО ГОЛЕМ ЛОГОР Нетанајху најави силен напад…

285.000 ФИНЦИ СПРЕМНИ ЗА ВОЈНА СО РУСИЈА Арктичката Спарта…

– Три лица се повредени во Лавов во руски ракетен напад, а оштетени се 16 станбени згради и автомобили во близина – соопшти шефот на регионалната државна управа на Лавов Максим Козицки.

Според него, евидентиран е удар во инфраструктурен објект во Лавов, каде што избувнал пожарот.

„Утрово непријателот повторно изврши масовен напад врз Украина. Цивилни згради во областа Хмелницки се оштетени“, соопшти регионалната државна администрација.

– Утрото непријателот го нападна Запорожје. Гранатиран е инфраструктурен објект. Според првичните податоци, 4 лица се повредени – соопшти градоначалникот на Запорожје, Анатолиј Куртев.

Според украинските власти, утринава руски војници нападнале објекти од цивилна инфраструктура во регионите Дњепропетровск и Полтава, каде што бил погоден магацин и избувнал пожар.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.