Дваесетина општински пратеници во Москва и Санкт Петербург бараат оставка од Путин

news
Advertisement

Општински претставници од 18 области во Москва и Санкт Петербург потпишаа јавна изјава во која бараат Владимир Путин да поднесе оставка.

Advertisement

– Ние, општинските претставници на Русија, веруваме дека постапките на претседателот Владимир Путин и штетат на иднината на Русија и нејзините граѓани. Бараме оставка од Владимир Путин од функцијата претседател на Руската Федерација” се вели во соопштението.

Информацијата ја објави порталот инсајдер.ру, цитирајќи твит на општинска претставничка во Санкт Петербург Ксенија Торстрем.

Според последните објави на Твитер на Торстрем, петицијата досега ја потпишале повеќе од 35 општински претставници.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.