Тренерот на Партизан се степа со сопствен фудбалер на меч во Суботица (ФОТО)

news
Advertisement

Тренерот на Партизан се степа со сопствен фудбалер на меч во Суботица (ФОТО)

Advertisement

Екипата на Партизан релативно лесно победи на синоќешното гостувањето во кај Спартак Суботица (3-0), во меч кој не мина без бура во црно-белиот табор.

Во еден момент, додека се уште траеше натпреварот, тренерот на белградскиот тим Игор Дуљај речиси и да се степа со сопствениот фудбалер, Квинси Мениг, во близина на клупата за резерви.

Конфликтот меѓу тренерот и напаѓачот се случи на крајот од играта, во моментите кога Самед Баждар и Мениг се подготвуваа да влезат во игра. Однесувањето на играчот предизвика реакција на тренерот на црно-белите, кој влезе во вербален и физички конфликт со офанзивниот играч, по што замената воопшто и не беше извршена. Дуљај не го криеше незадоволството и покрај победата, па по натпреварот меѓу другото истакна дека „има многу проблеми и многу работи што му лежат на душата, а за кои засега не сака да проговори јавно“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.