Трет ден се трага по 22 годишниот студент

news
Advertisement

И по три дена потрага, нема трага од студентот од Куманово кој доживеа несреќа кај Желино кога неговиот автомобил се преврте во Вардар. Членовите на семејството револтирани велат дека надлежните треба да побараат помош од соседните држави.

Advertisement

„Денеска поминаа три дена, изгубивме надеж од нашата земја. Доаѓаат, гледаат, влегуваат, но ништо. Апелирам да побараат помош од странство, Албанија, Бугарија, Косово кои имаат поспецијализирани уреди. Нема организација од државата освен волонтерите на Желино и од нашето семејство кои работат. Селаните од Желино денеска побараа од здружението на нуркачи да им донесе пет костума за да можат доброволно да влезат и сами да го бараат“, рече еден роднина на Ердоган.

Во потрагата се вклучија и селаните од Радуша. Велат дека го познаваат теренот.

„Врз основа на искуството што го имаме бидејќи сме село околу реката, се организиравме заедно со други села. На жителите на Желино им предложивме со стапови и куки да го проверат секој агол, рече Рафиз Алити.

Покрај трагачи од Центарот за заштита и спасување и пожарникари, денеска во потрагата се вклучени и осум припадници на МВР, а потрагата е проширена и во дел меѓу Скопје и Велес во месноста Зелениково каде вообичаено се собира вода и каде претходно биле пронајдени исчезнати лица.

„Повторно денеска во соработка со полицијата и пожарникарите ќе продолжат со пребарување и претресување на вчерашните места“, рече Ариф Арифи, Центар за заштита и спасување.

Надлежните не соопштуваат детали за причините за несреќата и за бројот на патници, но од семејството на Ердоан велат дека тој заминал за Тетово за да си ги плати трошоците за студирање и патувал сам.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.