Трет случај на конго-кримска хеморагична треска во земјава, заболен 42 годишен маж

news
Advertisement

Институтот за јавно здравје утрово информира дека во доцните вечерни часови на 12 август, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања телефонски бил известен за позитивен резултат на Конго кримска хеморагична треска од направените тестови на материјал добиен од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Advertisement

Заболеното лице е маж на возраст од 42 години, од Велес, трансфериран на Клиниката од Општа болница Велес, истиот ден.

„Почетокот на симптомите на покачена температура до 38°Ц, главоболка, болка по телото, малаксаност и обилно потење, е 5 дена пред преглед во Општата болница во Велес. Веднаш е известен ЦЈЗ Велес да формира тим кој направи епидемиолошка анкета на заболениот, проценка на ризик во семејството и на лицата кои биле во контакт во здравствените установи. Во моментов, пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и во стабилна општа состојба.“, наведуваат од Институтот.

Ова е трет случај на Конго кримска хеморагична треска во земјава. Заболувањето заврши фатално за 27 годишна девојка од штипско. Од неа пак, се зарази болничарка на Клиниката за инфективни болести во Скопје која моментално е хоспитализирана.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.