Трипуновски: Институциите да истражат зошто се купува поскапа пченица за дури 25 % од берзанската

news
Advertisement

Молкот од власта за набавката на пченица по цена 25 проценти поскапа од берзанската само го потврдува сомнежот за сериозен криминал. Но, и дополнително го отвора прашањето зошто Владата преку Агенцијата за стокови резерви купува пченица имајќи во предвид дека цела Влада само неколку месеци претходно не убедуваше дека нема простор за паника, бидејќи стоковите резерви биле полни.

Advertisement

Љупчо Николовски и Димитар Ковачевски бесрамно молчат и не одговараат пред јавноста зошто Агенцијата за стокови резерви преку два тендери набавила 20.000 тони пченица, и истата се плаќа дури до 27 денари по килограм, односно 6 денари поскапо од тоа што се тргува на регионалните берзи во моментот.

Од објавените тендери на Електронскиот систем за јавни набавки на 24.08.2022 и 25.08.2022 година, Агенцијата склучува два договори во вредност од 4.4 милиони евра, за набавка на 10.000 тони , едниот со фирмата Агроглобал трејд од Скопје, а другиот со Кокра Е Арт од Тетово.

Само месец и половина подоцна, односно на 04.10.2022 година, Агенцијата повторно склучува договор со фирмата Кокра Е Арт од Тетово, за набавка на 5.000 тони пченица, овој пат за сума од 2.1 милиони евра, а само два дена подоцна на 06.10.2022 година склучува уште еден договор за набавка на 5.000 тони пченица во вредност од 2.2 милиони евра, со фирмата Млин Аргулица од Карбинци.

Наместо во услови на криза да заштеди, владата се расфрла со парите на граѓаните, пари кои што можеле да бидат заштедени доколку власта набавеше пченица по берзанска цена, наместо во овој случај дури 6 денари поскапа од реалната.

Додека граѓаните живеат во сиромаштија, додека земјоделците се незадоволни од третманот на владата поради ниските откупни цени и несигурен пласман на производите, над милион евра од оваа криминална зделка со пченицата ќе завршат во нечии џебови.

Љупчо Николовски наместо да бега и да се крие, мора да одговори пред граѓаните:

Зошто Владата кога веќе имала пари не извршила интервентен откуп на македонската пченица од македонските производители, која се продаваше по просечна цена од 17 до 18 денари?

Дали со оваа набавка од 20.000 тони пченица е извршена целосна пополнетост на стоковите резерви кој според закон би требало да обезбедат покриеност за 120 дена?

Доколку навистина владата се грижеше за македонските земјоделци, тогаш ќе се откупеше македонската пченица и наместо парите да се изнесеа надвор од државата, ќе останеа во државата и кај земјоделците.

Почитувани,

Постојат сериозни индиции за сторен криминал, бидејќи Николовски од позиција на министер можел да обезбеди пченица по пониска цена или цена приближна до берзанската, но не го сторил тоа.

Концепт кој што го промовира владата за отвореност, отчетност и транспарентност, завршува со секој нов криминален скандал на оваа власт во која се вклучени и високи претставници од власта. Токму затоа ги повикуваме надлежните институции да покренат истрага и да испитаат каква е вмешаноста на Ковачевски и Николовски во оваа нова криминална зделка.

Одговорност за криминалот мора да има и ќе има кога тогаш.

Со правдата нема компромис, никој не може и не смее да се богати на грбот на македонските земјоделци и македонските граѓани.

Многу набрзо доаѓаат промените и крајот на неспособното владеење на Владата на СДС.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.