Советот на ЕУ усвои предлог со кој од 1 јули 2026 се воведува фиксна царинска давачка од 3 евра за мали пратки под 150€ што влегуваат во ЕУ од трети земји. Мерката е привремена, додека да се финализира целата царинска реформа.
Ова директно ги „погаѓа“ е-трговските пратки преку платформи како Temu, Shein, AliExpress/Alibaba, бидејќи токму тие сочинуваат најголем дел од ваквите пратки.
ЕУ вели дека целта е: фер конкуренција за европските трговци, поголема безбедност за потрошувачите и борба против измами.
Важно: ова важи за пратки што се доставуваат на адреса во ЕУ (не автоматски за Македонија).