Турист седнал да јаде покрај фонтана во Рим- добил казна од 450 евра

news
Advertisement

Турист седнал да јаде покрај фонтана во Рим- добил казна од 450 евра

Advertisement

55-годишникот во саботата околу 1 часот по полноќ седнал на работ од фонтаната и почнал да јаде, по што бил запрен од полицијата и казнет поради законите за заштита на спомениците, кои се наменети за одржување на пристоен изглед на градот, пишува CNN.

Фонтаната била изградена помеѓу 1588 и 1589 година од страна на архитектот и скулптор Џакомо дела Порта, а била обновена во 1997 година. Заштитена е со правила кои првпат биле воведени во 1970-тите за да се зачуваат историските фонтани, статуи и други споменици. Ажурираните закони со фокус на одржување на „еколошкиот дизајн“ на градот се во сила од 2019 година.

Правилата, покрај забраната за јадење, вклучуваат и забрана за консумирање алкохолни пијалоци на улица, организирање обиколка и посета на локали со алкохолни пијалоци и капење во градските фонтани.

Локалната полиција соопштила дека извршила повеќе од 300 претреси минатиот викенд. Полицајците можат да изрекуваат казни, па дури и да отстранат луѓе од одредена област во период од 48 часа. Повторените престапници може да добијат забрана до 60 дена.

Кога биле воведени овие правила, градскиот совет соопштил дека тие „се занимаваат со многу аспекти од градскиот живот, со посебно внимание на почитувањето на уметничкото и културното наследство на главниот град“.

Правилата се во служба и на борбата против прекумерниот туризам, бидејќи Рим има проблем со премногу посетители. Пред пандемијата на коронавирус, околу 10 милиони туристи пристигнувале секоја годсина во Рим./kanal5.com.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.