Турска пејачка упасена за шега за верските училишта

news
Advertisement

Турската поп-пејачка Ѓулшен била уапсена поради „поттикнување омраза и непријателство“, откако на концерт кажала шега за турските верски училишта, јавуваат турските медиуми.
Четириесет и шестгодишната Ѓулшен, чие полно име е Ѓулшен Чолакоглу, била приведена од домот на испитување во Истанбул, а потоа и официјално уапсена и во затвор ќе остане до судењето.

Ѓулшен на концертот во Истанбул во април рекла дека „перверзиите“ на еден од нејзините музичари се последица на тоа што тој посетувал верско училиште.
Апсењето на пејачката предизвика дебати на социјалните мрежи.

Во текот на испрашувањето, Ѓулшен ги отфрлила обвинувањата дека ширела омраза и непријателство, велејќи пред судските власти дека „бескрајно ги почитува вредностите и чувствителноста“ на својата земја. Таа се извинила поради навредата, но рекла дека за нејзиниот коментар се фатиле оние кои сакаат да ја продлабочат поларизацијата во земјата.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.