Турција , девет работници затрупани во рудник за злато на истокот на земјата, кој беше погоден од огромен одрон.

news
Advertisement

Стотици спасувачи во Турција денеска ја продолжуваат потрагата по најмалку девет работници затрупани во рудник за злато на истокот на земјата, кој беше погоден од огромен одрон.

Advertisement

Свлечиштето започна во вторникот во рудникот Коплер во планинската провинција Ерзинџан, на истокот на Турција, пренесува АП.

Околу 800 спасувачи, вклучително и полициски и воени тимови, се распоредени во потрага по девет рудари, за кои се стравува дека се затрупани во рудникот, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Покрената е истрага за оваа катастрофа, а експертите во меѓувреме предупредија дека лизгањето на земјиштето може да претставува ризик за животната средина.

Овој рудник беше затворен во 2020 година по истекување на цијанид во реката што минува низ Турција, Сирија и Ирак.

Повторно беше отворен две години подоцна, откако компанијата беше казнета и операцијата за чистење беше завршена, според АП.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.