Трагедија во Загреб : Настрадал синот на сопственикот на куќата, додека сопственикот е повреден

news
Advertisement

Загрепската полиција ги истражува причините за пожарот во куќата на Максимир, во кој синоќа едно лице загина, а друго е повредено.

Advertisement

Според првите полициски информации, пожарот синоќа околу 23 часот избувнал во семејната куќа во улицата Зелени кут од засега неутврдена причина .

Едното лице во безживотна состојба е изнесено од куќата, а на другото поради вдишување чад му била укажана лекарска помош во КБЦ Загреб, соопшти кусо загрепската полиција. Во тек е истрага, по што ќе се знаат повеќе информации за пожарот, односно како точно се случил, пренесуваат хрватските медиуми.

Н1 неофицијално дознава дека настрадал синот на сопственикот на куќата, додека сопственикот е повреден. Пожарникарите биле повикани од соседите, кога забележале дека гори куќа на нивната улица.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.