Уапсена е кумановка, кај Бит пазар украла детска количка со ранец, пари и документи

news
Advertisement

МВР информира дека вчера попладне во 17.00 часот на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар ја лишиле од слобода А.З.(20) од Куманово.

Advertisement

Таа се сомничи дека околу 11.30 часот на ул.„Бит Пазарска“ од Ф.Ј.(44) од Република Турција одзела детска количка со ранец, патни исправи, пари и други предмети. Со А.З. бил извршен службен разговор во полициска станица, при што го признала делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.