Уапсени две лица кои се осомничени за убиство на Данка Илиќ

news
Advertisement

Српските медиуми веќе пренесуваат дека двете лица кои се уапсени се осомничени дека со автомобил го прегазиле девојчето, а потоа и го фрлиле телото во дива депонија покрај „Старобањски пут“ кај Бор

Advertisement

Полицијата уапсила две лица кои се осомничени за убиство на двегодишната Данка Илиќ, рече денеска српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференција.

Вучиќ, читајќи го соопштението од полицијата, кое му беше дадено за време на прес-конференцијата, рече дека од она што можел да го разбере од напишаното, двете лица го признале делото.

„Колку што разбрав, тие го признаа делото. Со полицијата веќе одат на местото каде што беше фрлено телото на детето“,

додаде Вучиќ повикувајќи ја полицијата подоцна да излезе со детали за случајот.
Вучиќ се заблагодари на полицијата за вложениот труд и посветеност во потрагата по Данка Илиќ која исчезна на 26 март во Бањско Поље кај Бор, во Источна Србија.

Српските медиуми веќе пренесуваат дека двете лица кои се уапсени се осомничени дека со автомобил го прегазиле девојчето, а потоа и го фрлиле телото во дива депонија покрај „Старобањски пут“ кај Бор.

Како што пренесува српски „Блиц“, уапсените, С. Ј. (50) од село Лука и Д. Д. (50) од село Злот, се работници на јавното комунално претпријатие „Водовод“ од Бор.

„С. Ј. е осомничен дека на улицата ’Радомир Путник’ со своето службено возило ’фиат панда’ удрил во пешак, двегодишната Данка, при што ја усмртил. Заедно со колегата Д. Д. телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дивата депонија на ’Старобањски пут’ кај Бор, каде што телото го фрлиле на десната страна од патот“,

вели за бањалучкиот медиум АТВ извор близок до истрага.
С. Ј. е обвинет за сторено тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, а Д. Д. за помош на сторителот по извршувањето на кривичното дело.

По апсењето и на двајцата им е одреден притвор до 48 часа.

Истрагата на криминалистичката полиција на Полициската управа Бор укажува дека сè се случило на 26 март околу 13:52 часот, односно само седум минути откако е исчезнато девојчето.

Данка Илиќ исчезна на 26 март околу 13:45 часот во Бањско Поље кај Бор. Кога исчезнала, била со мајка ѝ и брат ѝ, и оттогаш ѝ се губи секаква трага. Поради нејзиното исчезнување, по првпат во Србија е активиран системот „Најди ме“.

Двегодишно девојче исчезна во околината на Бор, за првпат активиран системот „Најди ме“ во Србија

Во потрагата по Данка, српското Министерство за внатрешни работи го организира еден од најобемните претреси, во кој беше вклучен целиот регион.

Изминатите денови, специјализирани екипи на Министерството за внатрешни работи на Србија ја пребаруваа околината на куќата, а беше претресена и дива депонија на стариот пат. Исто така, се претресуваат и куќите на оние лица што имаат имот, но не живеат во местото.

Во потрагата беа вклучени и хеликоптери и дронови со термални камери.

Хеликоптери се вклучија во потрагата по Данка Илиќ која исчезна пред пет дена во околината на Бор

Српската полиција информира дека е претресена површина од десет квадратни километри и дека засега нема никакви траги. Спасувачите ги пребарале и каналите во должина од 4,5 километри, подземниот тунел и шахтите што ја поврзуваат оваа населба со некогашниот басен на Бор, а и таму не се пронајдени траги кои би укажале дека девојчето е таму.

Родителите на Данка, Милош Илиќ и неговата сопруга Ивана, секојдневно одговараат на прашања на полицијата со цел да се дојде до некоја нова трага која можеби претходно била игнорирана.

Потрагата се прошири и надвор од границите на земјата. Министерството за внатрешни работи на Црна Гора соопшти дека потрагата по исчезнатото девојче е во тек и побара од црногорските граѓани да ја известат канцеларијата на Интерпол во Подгорица доколку имаат информации за исчезнатото девојче.

Во исто време истрагата се прошири и во Австрија, а Интерпол распиша жолт аларм за Данка Илиќ. Овој аларм се вклучува за исчезнати лица и претставува глобално полициско предупредување за најблиските на исчезнатото лице, за киднапирања или, пак, за исчезнувања од необјаснети околности.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.