Уапсени четири лица осомничени за инволвираност во вчерашното пукање во Клиничката болница Тетово

news
Advertisement

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер во 23 часот и 10 минути во Тетово ги лишиле од слобода Р.Т.(35) и М.Т.(44) од Тетово, а пред тоа и 55-годишната тетовка Ш.Е. и Н.М.(39) од Тетово поради сомнение за нивна инволвираност во вчерашното пукање со огнено оружје пред Ургентен центар на тетовската Клиничка болница кое се случило околу 18 часот и 5 минути, а во кое со тешки телесни повреди (прострелни рани) се здобиле А.М.(41) и З.М.(36) од тетовското село Гајре.

Advertisement

За уште едно лице се преземаат мерки за негово пронаоѓање.Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид и се расчистува и документира случајот, по што против инволвираните во овој случај ќе следуваат соодветни поднесоци“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Инаку вистинска драма

Дел од учесниците во инцидентот попладнето во Основниот суд Тетово имале судско рочиште. По завршувањето на рочиштето, двете групи едната од село Гајре, а другата од Тетово започнале физичка пресметка пред судот. Едната група од Гајре поради здобиените повреди во тепачката се упатила во Ургентниот центар да им се пружи лекарска помош, но пред болницата била пресретната од другата група кои пукала кон нив нанесувајќи има на две лица прострелни рани.

По лекарската интервенција во Ургентниот центар во Клиничката болница Тетово поради сериозноста на повредените пациентите се пратени на скопските клиники.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити вели дека пукањето кое вчера доцна попладнето се случи пред тетовската клиника било поради нерешени проблеми и случајно се случило таму. Двајцата повредени, според информациите кои ги добил од директорот на тетовската болница, се префрлени на скопските клиники.

Двајцата се префрлени во Скопје. Едниот е во полесна, другиот во потешка состојба. Тие се префрлени на КАРИЛ, а другото ќе го расчисти МВР“, вели Меџити.

Извор. https://www.slobodenpecat.mk/uapseni-chetiri-lica-osomnicheni-za-involviranost-vo-vcherashnoto-pukanje-vo-klinichkata-bolnica-tetovo/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.