Уапсен скопски насилник, тепал исклучиво жени

news
Advertisement

41-годишен жител на Скопје, кој повеќепати бил пријавуван за физички напади, извршени исклучиво врз жени, бил уапсен вчера, соопшти полицијата. На 23.08.2022 во 17.25 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(41) од Скопје поради физички напади и загрозување на сигурноста, информираат од МВР.

Advertisement

Првото кривично дело пријавениот го сторил на 29.11.2020 на подрачјето на Центар, при што физички ја нападнал неговата 40-годишна тогашна партнерка од Скопје. Второто кривично дело го извршил на 24.07.2021 на подрачјето на Карпош упатувајќи закани по животот на 42-годишна жена од Скопје. Третото кривично дело пријавениот го извршил на 09.03.2022 на подрачјето на Центар така што физички ја нападнал неговата 34-годишна партнерка од Скопје нанесувајќи и повреди, а упатувал и закани по нејзиниот живот“, се вели во соопштението.

Единицата за насилен криминал-Одделение за семејно насилство при СВР Скопје до ОЈО Скопје против пријавениот поднесе соодветна кривична пријава по брза постапка и тој во текот на денот ќе биде изведен пред надлежен судија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.