УАПСЕН ТАТКО МОНСТРУМ ВО НОВИ ПАЗАР Со години ја силувал својата ќерка и фотографиите ги продавал на педофили за 10 долари

news
Advertisement

Монструмот е уапсен откако било откриено дека преку социјалните мрежи споделувал фотографии на кои има секс со својата 13-годишна ќерка.

Advertisement

Во Нови Пазар е уапсен 45-годишник Н.Д. поради сомнение дека ја принудил својата малолетна ќерка (13) на интимни односи уште од 6-годишна возраст.

Постои сомнение дека таткото-монструм преку пораки на социјалните мрежи на други луѓе им испраќал фотографии на кои се гледа како има секс со својата малолетна ќерка, објавија српските медиуми.

Н.Д. од село во околината на Нови Пазар, уапсен и притворен под сомнение дека со години сексуално ја злоставувал својата малолетна ќерка, на социјалните мрежи се фалел дека е добар ловец, а објавил и фотографија на која ќерка му седи во неговиот скут, со коментар „мојата слатка“.

Тој беше уапсен во заедничка акција на белградската криминалистичка полиција и полицијата на Нови Пазар откако било откриено дека преку социјалните мрежи споделувал фотографии на кои има секс со својата 13-годишна ќерка.

Истрагата утврдила дека тој повеќе од 6 години ја терал својата ќерка орално да го задоволува, сето тоа го снимал и фотографиите ги споделувал преку социјалните мрежи на педофили, но и ги продавал за 10 долари.

Монструмот за кој постои сомнени дека ја злоставувал својата ќерка уште на 6-годишна возраст, во минатото веќе бил осуден за кривично дело демнење и намамување малолетни девојчиња.

ИЗВОР. https://plusinfo.mk/uapsen-tatko-monstrum-vo-novi-pazar-so-godini-a-siluval-svo-ata-erka-i-fotografiite-gi-prodaval-na-pedofili-za-10-dolari/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.