Убиен е Ацо Трпковски, заврши прибирањето докази од терен – возилото отстрането од паркингот

news
Advertisement

Со отстранувањето на возилото „Киа“ од местото на настанот, истражните органи го завршија процеост на привирање доказен материјал по синоќешното убиство во близина на клиниката во скопската населба Железара.

Advertisement

Екипа на ТВ21 разговараше и со дел од пациентите на кои тој бил матичен лекар, со неверување ја примиле веста за убиството на докторот.

Од семејството на 67 годишниот Ацо Трпковски велат дека немале закани, ниту пак се сомневаат во причините за убиството.

На местото на настанот се уште може да се забележат локни крв.

Пријавата до МВР доцна синоќа ја испратиле неговите синови откако тој по работното време не се вратил дома, па тие тргнале да го бараат. Го пронашле во автомобилот.

Од Обвинителството утрово соопштија дека на телото има видливи траги од неколку убоди, по што обвинител издаде наредба за обдукција.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.