„Убијци за профит“ – народ се собра пред Владата по скандалот со кражба на лекови на Онкологија

news
Advertisement

„Колку вреди човечкиот живот“, „Убијци“, „Монструми“, „Убивате за профит“. Со вакви транспаренти толпа демонстранти се собраа денес пред Владата на протест по скандалот со кражба на лекови на Онкологија.

Advertisement

Пред владината зграда се скандира „крадци, убијци“, а се бараат и оставки.

Меѓу присутните има и лекари, кои дојдоа да го искажат својот револт.

Демонстрантите на асфалтот напишаа „Соучесници“, а претходно и пред Владата во стилот на „Шарената револуција“ со црвена боја осамна пораката „Убијци“. Оставија и отпечатоци од црвени дланки, алудирајќи на „крвави раце“.

Демонстрантите во еден момент почнаа и да пејат и „Народе македонски со какви идеи си ти, доста беше разбуди се, свести се не спиј ти“, по што запалија и свеќи пред зградата на Обвинителството.

На транспарентите се испишани пораки: „Колку вреди човечкиот живот“, „Убијци“, „Монструми“, „Убивате за профит“, „Сите ќе си лежите“.

Протестот се случува откако беше објавено дека на пациентите на Клиниката за онкологија им биле давани физиолошки раствори, а скапите лекови против канцерогинете заболувања завршувале на црниот пазар.

Организаторите на протестот претходно најавија дека нема да прифатат одговорност само од најнискиот ешалон на Клиниката туку дека ќе бараат кривична одговорност за владините функционери.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.