Advertisement
Утрово регистриран земјотрес со послаб интензитет кај Охрид. Според информациите од Европско- медитеранскиот сеизмолошки центар земјотресот бил со интензитет од 2,6 степени според Рихтер.
Потресот е регистриран во 09:04 часот со епицентар 12 км северо-источно од Охрид, и 68 км северо-источно од Елбасан, Албанија.
Епицентарот на потресот бил на длабочина од пет километри.
Advertisement
Advertisement