УДАР ПО КРАДЦИТЕ ВО ГОСТИВАР: Излегле од дом со плен од 65.000 евра – полицијата ги фати и ги врати парите
Полицијата разби група осомничени за тешка кражба во Гостивар, при што е вратен поголемиот дел од украдените пари и злато во вредност од околу 65.000 евра. За делото се приведени три лица на возраст од 24 и 27 години.
Апсењата биле извршени вчера попладне. Прво биле лишени од слобода А.З. (24) и М.З. (27) од Гостивар, а подоцна и Н.И. (24) од Тетово.
Клучен пресврт во истрагата бил претресот во домот на првоосомничената А.З., каде полициските службеници пронашле и одзеле најголем дел од украдените пари и златниот накит, кои ќе бидат вратени на сопственикот.
Кражбата била извршена на 14 декември, во куќата на Ф.М. (58) од Гостивар, од каде осомничените го изнеле вредниот плен.
„На 20.12.2025 година во 18:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, поради основано сомнение за извршена тешка кражба, ги лишија од слобода А.З. и М.З. Подоцна беше приведена и Н.И. од Тетово. По судска наредба, при претрес во домот на А.З. беа пронајдени и одземени поголем дел од украдените пари и злато“, соопштија од Министерство за внатрешни работи.
Истрагата продолжува, а против осомничените ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.