Advertisement
Градоначалникот на Скопје нагласи дека разубавувањето на градот веќе започна во пресрет на новата година и дека нема да чини повеќе од 250 илјади евра.
Advertisement
„Сакаме да заштедиме средства од буџетот на граѓаните бидејќи и тие сакаат да реализираат многу проекти. Лани тој буџет беше одобрен и имавме многу малку да интервенираме“, рече Арсовска.
Таа додаде дека годинава украсите не ги купила општина Скопје, но ќе има програма и за новата година.
„Овозможивме оваа година да имаме пазар кој ќе биде лоциран во центарот на градот. Ќе има и други содржини, мини парк во центарот на Скопје и верувам дека граѓаните ќе бидат задоволни“, рече Арсовска.
Advertisement