ВИДЕО | Драма во битката за светската титула: Мбапе го однесе финалето во продолженија

news
Advertisement

Светот не доби светски шампион после 90. минути игра на стадионот „Лусаил“, Аргентина и Франција одат во продолженија.

Advertisement

Аргентина од почетокот на натпреварот беше подобрата репрезентација создаваше шанси, а таквата игра им се исплатеше после 22 минути. Анхел Ди Марија падна во шеснаесетникот, а судијата Марчињак покажа на белата точка. Меси ја презема одговорноста и беше сигурен реализатор. Продолжи Аргентина да биде подобрата репрезентација и на сцена повторно стапи Анхел Ди Марија во 36. минута кога по додавањето од Мекалистер реализраше за 2:0

На пауза се замина со 2:0. Аргентина изгледаше како подобра репрезентација на теренот се до самиот финиш. Дешамп направи неколку измени, но Франција продолжуваше да биде во подредена улога и така беше се до последните десетина минути од натпреварот.

Марчињак во 80. минута повторно покажа на белата точка, сега на спротивната страна. Ако Меси претходно беше сигурен за Аргентина, сега истото важеше за Мбапе кај Франција. Со првиот гол Мбапе се израмни со Меси на листата најдобри стрелци на Мундијалот, а само една минута подоцна со еден одличен волеј и го прескокна. Франција успеа да дојде до 2:2.

До крајот на регуларниот дел Франција испрати неколку закани, а Аргентина се закани преку Меси во последните секунди, но трет гол во овој период не видовме.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.