УТРЕ ОВОЈ ДЕЛ ОД СКОПЈЕ 11 ЧАСА БЕЗ СТРУЈА – жителите убаво да се подготват!

news
Advertisement

Од 7 до 18 часот струја ќе немаат корисниците од објектите во индустриската зона на булевар „Борис Трајковски“ лоцирани на потегот од населба Пинтија кон село Батинци во општина Кисела Вода.

Advertisement

Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЕВН, соопшти дека причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија се технички интервенции во електродистрибутивната мрежа.

РЦУК информира и за прекини во делови во Карпош, во понеделник, 3 октомври, од 9 до 11 часот, кога струја ќе немаат корисниците од булевар „Партизански одреди“ зграда број 165, а од 9 до 14 часот корисниците од дел од улица „Дамаска“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.