Утре почнува грејната сезона, цената на парното засега останува иста

news
Advertisement

Нова одлука за цената на парното ќе биде донесена откако цевководот на мостот „Беласица“ ќе биде поставен, со што ќе се овозможат услови за детален пресек на трошоците, велат од Регулаторна

Advertisement

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека од утре, 15 октомври, почнува грејната сезона која ќе трае до 15 април 2024 година, со можност да се продолжи уште 15 дена, во зависност од надворешните температури.

„Сведоци сме дека деновите во овој период од годината се потопли, а и прогнозираните температури што ги добиваме од хидорометеоролошката управа го покажуваат истото. Сепак, грејната сезона започнува на 15 октомври и снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 6 до 22 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 Целзиусови степени. Цената на топлинската енергија останува иста. Нова одлука ќе биде донесена откако цевководот на мостот ‘Беласица’ ќе биде поставен, со што ќе се овозможат услови за детален пресек на трошоците“,

изјави Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ.
РКЕ апелира до сите потрошувачи на регулираниот пазар: институциите и домаќинствата да продолжат со рационално трошење на енергијата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.