Утрово Скопје повторно меѓу десетте најзагадени во светот

news
Advertisement

Главниот град Скопје и ова утро е меѓу најзагадените градови во светот. До 8 часот индексот на загаденост изнесуваше 178, покажаа податоците на веб-страницата на „Ај-кју ер“. До 9 часот индексот на загаденост се намали на 173, но Скопје и покрај ова остана меѓу првите 10 најзагадени во светот. Како што покажаа податоците на оваа веб-страна, Скопје е единствен град во Европа на ова рангирање. Според „Ај-кју Ер“ утринава до 8 часот беа измерени 178,2 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички, и е дури 21,6 пати над дозволените граници.

Advertisement

Синоќа беше соопштено дека престанува да важи одлуката за бесплатен јавен градски превоз која времено беше донесена како една од пакетот мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот, информираа од ЈСП.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.