ФАКТОР НА ДЕНОТ: Фон дер Лајен порача дека уставните измени се неопходни

news
Advertisement

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ВЕЛИ ДЕКА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ НЕОПХОДНИ

Advertisement

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, вели дека изборот е на земјава, но уставните измени се неопходни.

Таа вели дека сите партии треба да дадат поддршка бидејки сега е отворен прозорецот за проширување на Европската Унија.

На пршањето дали се возможни безусловни преговори, очекување кое го изрази лидерот на опозциската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со кого таа денеска не се среќава, рече дека уставните измени се неопходни.

Претседателка на ЕК сепак, се надева дека Македонија ќе го отвори првиот кластер од преговорите до крајот на годината. За полноправно членство до 2030 година, Фон дер Лајен вели дека процесот е заснован на заслуги и не е врзан со термини. Не сакаше да говори за внатрешната реформа во Брисел и француско-германскиот предлог за укинување на ветото во текот на преговорите.
КОВАЧЕВСКИ ОБЈАСНИ ЗОШТО МАКЕДОНИЈА ГЛАСАШЕ ВОЗДРЖАНО ЗА КОНФЛИКТОТ НА БЛИСКИОТ ИСТОК

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната заедничка прес-конференција со претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен рече дека Македонија гласала „воздржано“ за Резолуцијата во ОН за конфликтот во израел, затоа што во актот не се споменувале делата на Хамас.

– Голема слабост на резолуцијата е неспоменувањето на терористичкиот акт на Хамас од 7 октомври кој ние веднаш најостро го осудивме, како и правото на Израел да се брани. Затоа и гласавме за канадскиот амандман на резолуцијата. Одлуката за гласање не беше лесна. Одлучивме да гласаме воздржано затоа што Резолуцијата од една страна ги адресира хуманитарните прашања, со што се согласуваме и ги поддржуваме, но отсуството на споменувањето на она што Хамас го направи на 7 октомври не остави простор за поинаков пристап во однос на гласањето, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање.
ЗАПАЛЕНО ВОЗИЛО ВО САРАЈ

Пронајдено е запалено возило во Сарај, за кое се верува дека било користено од напаѓачпт кој пукаше во Раде Трајковски – Штекли и неговиот придружувач во Ист Гејт Мол, дознава „Слободен Печат“.

Раде Трајковски-Штекли и уште едно лице беа тешко повредени, откако беа погодени со неколку куршуми. Напаѓачот се уште не е познат за полицијата, иако беше снимен од безбедносните камери на шопинг центарот. Лицето кое пукаше кон повредените моменти пред обидот за ликвидација на Штекли седел во обложувачница во трговскиот центар и воопшто не се криел.
ИЗРАЕЛ ИМА ПЛАН ЗА ГАЗА

Во документот составен од израелското Министерство за разузнавање, како решение за Појасот Газа по соборувањето на Хамас, се препорачува преместување на цивилното население на египетскиот Синајски Полуостров, се вели во копија од документот.

Владините претставници ја минимизираат важноста на споменатиот документ, а од кабинетот на премиерот за израелскиот весник „Хаарец“ изјавија дека тоа се „првични размислувања“ за ова прашање, кои властите во моментов не ги ни разгледуваат, бидејќи фокусот е на војната.

Документот од 13 октомври повикува на преместување на цивилното население во градовите со шатори во северен Синај и на крајот изградба на постојани градови и отворање на хуманитарен коридор. Планот вклучува „стерилна“ тампон зона во Египет широка неколку километри, за да се осигура дека населението не може да се насели на границите на Израел.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Секоја од трите најголеми банки во земјава плаќа просечно месечно најмалку по 1,3 милиони евра трошоци за своите вработени.

Македонските корисници на банкарски услуги се под закана од пробивање на податоците преку т.н. фишинг напади кои се вршат преку СМС пораки. Зголемениот број на напади го вклучи алармот кај комерцијалните банки, а истовремено со соопштение излезе и Македонската банкарска асоцијација.

Познатиот бизнисмен Антони Пешев е именуван за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола.

Години наназад во Македонија нема појава на инфекцијата пертусис или кај народот позната како голема или црна кашлица, но викендов што измина јавноста беше посебно вознемирена поради веста која дојде од Мостар каде што на Клиниката за детски болести два и пол месечно бебе почина од ова екстремно заразно заболување.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.