Advertisement
Денеска во 15.55 часот на ул.„Есперанто“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ш.(24) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик (тешка кражба).
Advertisement
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
Advertisement