Финансиската полиција привремено ја води „вечниот“ полицаец од ДУИ Бесир Деари

news
Advertisement

До избор на нов директор на Управата за финансиска полиција, функцијата привремено ќе ја врши в.д.заменик директорот на финасиската полиција Бесир Деари.

Advertisement

Деари од октомври 2020-тата е заменик директор во УФП каде владата го назначи откако си даде оставка од заменик-директор на Бирото за јавна безбедност, функција на која беше од 2002-ра до 2020-та со неколку години години пауза, две во опозиција, а беше и функционер во Железници.

Деари така во МВР го заработи прекарот „вечен“ бидејќи им беше заменик на директорите на БЈБ Бранко Бојчевски, Цане Чапрагоски, Љупчо Тодоровски-Радникот, Горанчо Савевски, Митко Чавков, Лазе Велковски и актуелниот Сашо Тасевски.

Речиси невидливиот кандидат на ДУИ беше заменик на 7 директори, а функцијата си ја вршеше во мандати на и во време на ВМРО-ДПМНЕ и во време на 9 министри што од СДСМ. Што од ВМРО-ДПМНЕ, што технички министри (Хари Костов, Силјан Аврамовски, Љубомир Михајловски, Гордана Силјановска, Митко Чавков, Оливер Андонов, Оливер Спасовски, Агим Нухиу и Наќе Чулев).

Во времето на протестите кои кулминираа со крвавиот четврток пролетта 2017-та, Чавков го предлагал Деари да биде началник на оперативниот штаб „Платформа“, но тој се откажал по што со него раководеше токму тогашниот директор Митко Чавков (министер привремено беше Агим Нухиу).

По разрешувањето на Велковски во август 2018-та година, Деари исто така привремено како заменик ја вршеше директорската позиција, највисока во полициската хиерархија.

Арафат Муареми во телефонски разговор за Телма одби да коментира, но рече дека смета како не вршел политички притисок туку ја заштитувал интегритетот на финансиската полиција.

Во јули, обвинителки од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција извршија претрес со судска наредба во Финансиската полиција и во кабинетот на Муареми во предистрага за злоупотреби по што Муареми поднесе кривични пријави против Вилма Русковска и обвинителките ги проверуваа наводите за криминал во Финансиската полиција.

Муареми користи годишен одмор, а ќе се врати во Финансиската полиција каде е вработен од 2008-ма. Повеќе детали од неговата изјава за Телма во Вестите во 15:30, 18:30 и во 21:30.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.