Финската премиерка едвај ги задржа солзите:„И јас сум човек, сакам да се забавувам!“

news
Advertisement

Финската премиерка го брани своето право да се забавува и рече дека работи напорно како премиер, но треба да има и право на приватен живот.

Advertisement

„Јас сум човек и понекогаш ми треба радост и забава и среде овие мрачни времиња“. Така, Сана Марин денес го брани своето право да се забавува и да танцува со пријателите. Зборовите на Марин беа поздравени со овации од публиката на настанот организиран од социјалдемократите во Лахти.

Премиерката призна дека последните неколку дена не и биле лесни, додавајќи дека е уверена дека Финците судат за политичарите според нивната работа, а не за нивниот приватен живот.

Вчера, Сана Марин се извини за фотографијата, која првпат се појави на профилот на манекенката и инфлуенсерка Сабина Сарка, на ТикТок, на која се гледа како таа и друга жена – не Марин – како се бакнуваат и држат знак на кој пишува „Финска“ пред голите гради.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.