(ФОТО) Ана Бекута го оставила синот во дом за деца без родители по самото раѓање – еве како изгледа денес!

news
Advertisement

Ана Бекута станала родител на многу мала возраст, но морала да го остави детето во дом за деца без родители.
.
Пејачката Ана Бекута имаше само 17 години кога го роди синот Игор. Бидејќи била во вонбрачна врска, околината ја осудила, а татко и и мајка и доживеале голем срам поради целата ситуација. Била принудена да се одвои од бебето и да го остави во дом.

Advertisement

На Ана во тој момент и било жал за родителите кои се нашле на столбот на срамот бидејќи верувала дека тие не се виновни за ништо. Иницијатор за нејзината одлука да почне да се занимава со музика е раѓањето на нејзиниот син.

– Кога го иставив Игор во дом, едно големо парче од моето срце беше откорнато тогаш и таа рана никогаш нема да зарасне. Ме сметаа за будала затоа што не го абортирав. Секој викенд патував да го гушнам Игор, кој ми се насмевнуваше во кревет, непогрешливо препознавајќи ме. До следната сабота, неговиот мирис во ноздрите и отпечатокот на неговите ситни усни на мојот врат ме одржуваа во живот. Агонијата траеше неколку месеци, а потоа гласот на срцето и разумот ја вратија таа мала птица во јатото – изјави тогаш Ана за „Курир“.

Да потсетиме, Ана го најави јубилејниот 20-ти албум со песната „Не ни даваат да остариме заедно“, кој ќе излезе на 27 ноември.

Извор: https://idol.mk/archives/49333?fbclid=IwAR3wiRfh236Tn7LsVYvvzzRG1B-_OjN8z08Az8geJo6xSKTRcmUMb7ii65o

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.