(ФОТО) Глетката на лице место било стравична: Едногодишно дете попладнево падна од тераса од четврти кат во Нови Пазар

(ФОТО) Глетката на лице место било стравична: Едногодишно дете попладнево падна од тераса од четврти кат во Нови Пазар

news
Advertisement

Advertisement

Тешка несреќа денеска го погоди Нови Пазар кога едногодишно дете падна од четврти кат од зграда, која се наоѓа на улицата „Стеван Немања“. Инцидентот се случил во 16 часот и 20 минути, а според првичните информации детето е во критична состојба и животот му е во опасност. Брзата помош брзо реагирала, а детето е пренесено во болница за понатамошна медицинска помош. До несреќата дошло поради се уште неразјаснети околности. Според очевидци, детето по падот давало знаци на живот и итно било пренесено во Општата болница во Нови Пазар. -Бев во кафуле на приземје од зградата, мислев дека некој фрли жолта кеса од терасата и почнав да пцујам, но кога го видов детето не можев да поверувам – изјавил за Информер еден од очевидците. Од спратот од каде што постои сомневање дека детето паднало се гледа отворена тераса, како и ниска ограда. Полицијата веднаш излегла на терен и во моментов се води истрага за да се утврди што довело до инцидентот.

Advertisement