ФОТО| „Заслужуваш многу повеќе“: Адријан Гаџа ѝ подари автомобил од 20 000 евра на мајка му

news
Advertisement

Познатиот пејач, текстописец и продуцент Адријан Гаџа пред повеќе од 10 години ги полнеше дискотеките и кафулињата во нашата земја и соседството кога тој имате настапи заедно со бројни познати имиња од нашата музичка сцена. Меѓутоа работите се сменија. Адријан реши да се повлече од музичката сцена и да се посвети на нешто сосема друго, поточно да ја продолжи семејната традиција, угостителството каде одлично се снаоѓа. Пејачот е плод на љубовта на неговите родители, татко Албанец и мајка Македонка кои порано биле сопственици на популарно скопско кафуле. Таа традиција под исто име сега ја продолжува и нивниот син. Ако го споредите Адријан пред 10 години и сега, речиси да не можете да забележите некоја голема промена во неговиот физички изглед. Гаџа изгледа подобро од било кога, а покрај новиот биснис музиката останува негова прва љубов.

Advertisement

Пејачот во физичкиот изглед многу потсетува на неговата мајка Сузана која од своите синови доби луксузен подарок. Адријан и неговиот брат Дритон Гаџа на нивната мајка и подарија џип. Пејачот објави фотографија на социјалните мрежи и откри дека тој и неговиот брат виолинистот Дритон заедно го купиле подарокот за нивната мајка, Сузана.

„Еден подарок од твоите синови, мамо, заслужуваш многу повеќе од она што можеме да ти дадеме“, напиша Гаџа.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.