Црногорската полиција уапсила 17-годишен тинејџер кој на адресата на средното електротехничко училиште во Подгорица испратил мејл со закана за повеќекратни убиства.

news
Advertisement

Полицијата извршила претрес во неговиот стан, каде биле пронајдени 20 оружја „ерсофт“. По наредба на државниот обвинител во Основното државно обвинителство во Подгорица, малолетникот е лишен од слобода поради сомнение дека сторил кривично дело предизвикување паника и неред.

Advertisement

Уапсен малолетник кој се заканувал со масовни убиства во училиште

Црногорската полиција уапсила 17-годишен тинејџер кој на адресата на средното електротехничко училиште во Подгорица испратил мејл со закана за повеќекратни убиства.

Полицијата извршила претрес во неговиот стан, каде биле пронајдени 20 оружја „ерсофт“. По наредба на државниот обвинител во Основното државно обвинителство во Подгорица, малолетникот е лишен од слобода поради сомнение дека сторил кривично дело предизвикување паника и неред.

Се сомнева дека малолетникот испратил заканувачки мејл на адресата на училиштето на 15 март, односно во петокот.

По наредба на надлежен суд, полицијата извршила претрес во станот и другите простории што ги користел овој малолетник, при што во таа прилика биле пронајдени 20 парчиња оружје „ерсофт“ (реплики на оригиналното оружје), од кои две се предмет на кривично дело. Од малолетникот биле одземени и компјутер и мобилен телефон.

Службеници на Полициската управа ќе поднесат прекршочна пријава за занемарување на дете против А.С, татко на осомничениот малолетник, поради паника и неред што го предизвикал малолетникот со испраќање заканувачки мејлови.

-Имајќи ги предвид континуираните настани, во кои мета на сајбер активности беа, меѓу другото, образовните институции, ја информираме јавноста дека службениците на Полициската управа континуирано ќе ја продолжат истрагата за овие криминални активности со посебен фокус и внимание, преку расположливите капацитети, со цел заштита на општествената заедница, соопшти црногорската полиција.МИА

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.