Путин убедливо победи со 87% од гласовите на претседателските избори

news
Advertisement

Моменталниот претседател на Русија Владимир Путин го освои петтиот мандат со убедлива изборна победа, јавува Евроњуз.

Advertisement

Путин не се соочи со кредибилни опозициски кандидати, во услови на безмилосно задушување на неистомислениците и критичните гласови.

Изборни претставници рекоа дека Путин, кој сега ќе има уште еден шестгодишен мандат на врвот на неговото владеење речиси четврт век, освоил повеќе од 87 отсто од гласовите.

Путин тврди дека рускиот демократски систем е потранспарентен од многу земји на Запад, презирајќи ја американската демократија.

Првиот ден од гласањето беше нарушен со спорадични протести и акти на вандализам, вклучително и подметнување пожари на избирачки места и уништување на гласачки кутии. По петокот немаше повторување на вакви инциденти.

Најмалку 80 Руси се приведени за време на тридневното гласање, според набљудувачката група ОВД-Инфо.

Приврзаниците на починатиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални во неделната точно на пладне се собраа на избирачките места со претходна најава, како форма на симболичен протест.

Путин ги поздрави раните резултати како показател за „доверба“ и „надеж“ во него, додека западните земји го критикуваа изборниот процес.

Неговиот победнички говор се фокусираше на војната во Украина, а тој рече дека негова главна задача ќе биде обезбедување на границата од украински напади и „зајакнување на одбранбениот капацитет и војската“

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.