(ФОТО) Османи: Наш дипломат во Тел Авив е херојот на евакуацијата на македонските државјани од Израел

news
Advertisement

Мачеј Качоровски, наш дипломат и вршител на работи во Амбасадата во Тел Авив е херојот на евакуацијата на нашите државјани од Израел, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Advertisement

„Тој одигра клучна улога во извлекувањето на нашите државјани преку различни транспортни рути, неуморно координирајќи го целокупниот процес од почетокот па сѐ до нивното безбедно враќање во Северна Македонија.

Признание и за активностите на Кризниот штаб во МНР, нашата дипломатско-конзуларна мрежа и СОС тимот, кои придонесоа за успешна финализација на евакуацијата.

Благодарност за нивниот континуиран ангажман и посветена работа за интересот и безбедноста на нашите граѓани во отежнати и воени услови“објави Османи.

Инаку, вчера во Скопје со чартер лет пристигнаа преостанати 67 наши државјани кои побараа помош да го напуштат Израел, а со истиот лет бил обезбеден трансфер на седум албански, седум црногорски и тројца бугарски државјани. Солзи, прегратки и емотивни сцени доминираа на скопскиот аеродром по пристигнување на евакуираните граѓани

Од Владата деенска посочија дека внимателно ги следат случувањата во Израел преку Министерството за надворешни работи, кое е во редовен контакт со македонската амбасада во Тел Авив.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.