(Фото) Трагична сообраќајна несреќа, загина млад брачен пар

news
Advertisement

Четири лица загинаа во тешката сообраќајна несреќа што се случи во црногорското место Брезојевица, на патот кон Плав, Црна Гора. Младиот брачен пар, Мерсин Х. и неговата сопруга Елдина загинале на местото на несреќата. Во несреќата настрадале уште двајца мажи. Несреќата се случила синоќа во 19:35 часот, објавува Република.рс.

Advertisement

Претседателот на општина Плав, Нихад Цановиќ донесе одлука да прогласи Ден на жалост.

Во несреќата загинаа брачниот пар Мерсин Х. и неговата сопруга Елдина. Тие биле во автомобил во кој директно удрил камерман кој се враќал со колега од правец на Рожај.

„Оделе од спротивен правец, а камерманот и колегата од Рожај. Снимале свадбена колона. Бидејќи тој дел од патот е рамен, возеле малку побрзо и директно удриле во автомобилот во кој бил брачниот пар. Трагедијата е што тие очекувале бебе, а тој ден отидоа на лекар во Беране“, изјави за „Република“ извор близок до истрагата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.