(ФОТО) Фондацијата Заев ѝ донира амбулантно возило на струмичката болница

news
Advertisement

Возниот парк на струмичката болница е побогат за уште едно амбулантно возило, донација од Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, објави Радио Струмица Нет.

Advertisement

Како што е наведено, директорот на Фондацијата, Зоран Заев и членот на Одборот на Фондацијата, д-р Венко Филипче во присуство на заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева и го предадоа амбулантното возило на директорката на ЈЗУ „Општа Болница“ Струмица, д-р Катерина Кузмановска.

Од Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ велат дека и годинава продолжуваат со ангажманите за поддршка и унапредување на јавното здравје, кои беа главен белег на реализираната програма и во претходната година. Како резултат на тоа, возниот парк на ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица од денес е побогат за уште едно амбулантно возило.

Донацијата на амбулантно возило ја обезбеди Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, во соработка со други општествено-одговорни субјекти, а на истата, во 2020 и 2021 год., ѝ претходеа уште две такви донации на амбулантни возила за ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица, кои, заедно со заштитна опрема за вработените во Ковид центарот, ги обезбеди семејството Заеви, наведуваат од Фондацијата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.