ФОТО | Четврта среќа за поранешниот хрватски премиер: Стапи во брак со 30 години помладата избраничка

news
Advertisement

Хрватскиот политичар Златко Матеша и неговата избраничка Бланка Качер се доказ дека никогаш не е доцна за љубов, па дури ни за стапување во брак.

Advertisement

Поранешниот премиер и шефицата на Катедрата за граѓанско право на Правниот факултет во Сплит стапија во брак на интимна церемонија во саботата, во црква во Загреб, а среќната вест за медиумите ја потврдија самите младенци, 74-годишниот Матеша и неговата триесет години помлада избраничка.

„Првпат се оженив во црква. Се венчавме веднаш штом сфативме дека тоа е нешто убаво за нас“, изјави Матеша за „Слободна Далмација“.

Среќната невеста само кратко искоментирала: „Ние сме родени венчани“.

За нивната љубов почна да се зборува во септември годинава. Недолго откако Матеша потврди дека нашол нова љубов, Качер објави неколку заеднички фотографии од Монголија.

„По 20 убави години со Хрвој и големи болки поради тешката болест и смртта, кога мислев дека е невозможно повторно да љубам, љубовта се случи со мојот прекрасен, духовит, внимателен и интелигентен З.“, напиша таа во описот на фотографиите.

Инаку, Бланка Качер е поранешна сопруга на хрватскиот професор Хрвој Качер, кој почина на почетокот на оваа година по тешко боледување.

Пред да влезе во брак со својата нова избраничка, Матеша беше во љубов со 12 години помладата Дијана Мајер, а на јавноста ѝ беше позната и неговата врска со 34 години помладата менаџерка Бојана Маглаиќ. Претходно, тој беше трипати во брак. Во бракот со првата сопруга Бисерка Матеша го доби синот Златко. Со втората сопруга Јасна беше во брак 13 години, а со третата сопруга, 16 години помладата Сања Грегориќ, се ожени тајно во 1994 година. Од тој брак ја има ќерката Ела.

Матеша е познат по тоа што е вистински џентлмен, па во неколку наврати истакна дека секогаш останува во добри односи со сите поранешни партнерки.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.